Европската престолнина со желби за мир и среќа ја пречекува Новата година

31.12.2014 16:42

Во текот на денешниов ден Бриселчани ја доукрасуваа новогодишната елка со писменца во кои се запишани нивните желби...

Гранд Плац во центарот на европската престолнина, а само неколку часа не делат од дочекот на Новата година. Бриселчани во задолжтелно добро расположение , веќе масовно почнуваат да се собираат тука.

Како што може да се забележи самиот плоштад освен традиционалната новогодишна елка нема дополнително украсување, но затоа пак играта на светлина во ритамот на класичната музика ја доловува магијата на најлудата ноќ од годината, додека пак останатиот дел од градот е украсен како што доликува на светска метропала.

Во текот на денешниов ден Бриселчани ја доукрасуваа новогодишната елка со писменца во кои се запишани нивните желби.

Еве што тие си посакаа во 2015 година:

„Мир и среќа во семејството...   Добро здравје, тоа е се што сакам во 2015 година...  Успех и среќа...   Мое семејство да биде здраво. Поздрав од Јужна Кореа...  Да го запознаеме Џастин Бибер... Многу работи, како на пример љубов...  Сакам сите во светот  да бидат среќни“, велат жителите на Брисел кои ги анкетиравме.

Освен на Гранд Плац  дочекот на Новата Година ќе се прославува и на плошдатот „Де Бруке“ и на „Монт дез Арт“ од каде токму во 12 часот ќе започне получасовниот новогодишен огномет.

Оваа ноќ Бриселчани ќе ги забавуваат 60 светски „ди-џеји“ на 10 локации во градот.

Фантастична журка ќе има и за љубителителите на рок енд рол, хип- хоп и техно.

Хотелите и ресторантите веќе се прополни. Цените се високи, но ги задоволуваат барањата и на најпребирливите туристи.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ