Белград очекува заработка од 15 милиони евра за Новата година

31.12.2014 16:44

Белград е подготвен со накитени елки, лампиони, Дедо Мразови, традиционалната музика на дувачките оркестри, печените прасиња и плескавиците, да ја дочека Новата Година...

Во Белград на Плоштадот на Републиката и познатата „Кнез Михајлова“, каде и покрај студеното време со температура под нулата и познатата Кошава, наскоро ќе почне дочекот на најлудата ноќ.

Белград е подготвен со накитени елки, лампиони, Дедо Мразови, традиционалната музика на дувачките оркестри, печените прасиња и плескавиците, да ја дочека Новата Година.

Иако поскромно од порано-10.000 ресторани и кфеани полека се полнат.

Утринава пристигна и традиционалниот диско воз од Љубљана со 1.000 туристи од Словенија, но и туристи од Македонија, кои покрај Белград најлудата ноќ ќе ја поминат по преубавите салаши во Војводина, на Стара Планина, Златибор и на Копаоник.

Во Белград, особено помладите, најлудата ноќ ќе можат да ја поминат организирано на три места. На рок бината на Плоштадот на Републиката со Балканика, Кики Лесандриќ, Неверни беби... потоа на фолк- бината пред Собранието со Владо Георгиев и Емина Јаховиќ или да бираат на Студентскиот плоштад со ди-џеј журката.

Забавата ќе трае сѐ до сабајле. Се очекуваат околу 100.000 домашни и странски туристи, како и заработувачка од 15 милиони евра.

Сите со желба за поуспешна и помирна година за Србија, реформска 2015-та.  

 

Оливер Бранковиќ- дописник од Белград за МРТ