Париз- најпосакувано место за дочек на Новата година

31.12.2014 16:51

Париз е најпосакуваното место за дочек на Новата година за французите. Таму за новогоришната ноќ и хотелска гала вечера просечено се потребни 218 евра. Но, и покрај вечерашново славење, французите за 2015-та се песимисти...

Сѐ е подготвено за дочекот на Новата 2015 година, како по обичај највесело ќе биде на Елиејските полиња каде се собираат илјадници туристи и паризјани. Па и испитувањата покажаа дека Париз за французите е најпривлечната дестинација за дочекот на новата година, пред Лондон и Барсеолона.
 
„Во Париз има можност да се излезе, да се прошетаме од еден, во друг бар или во клуб“.
 
„Си рековме дека е поубаво тука отклоку во Рен. Ни менува од секојдневието“.
 
„Ова го гледаме често на телевизија и сега сакаме да го доживееме дирекетно и да славиме со пазријаните“.
 
Во Париз, за гала вечера и ноќевање во хотелско сместување во двокреветна соба, во просеквечерва треба да се издвојат 218 евра.
 
Но, скоро половината од французите, оваа ноќ ќе ја поминат во домашна атмосфера најчесто со своите пријатели, за разлика од Божиќ кој го прославуваат со семејството.
 
Најголемата грижа во оваа новогодишна ноќ е безбедноста. 55.000 припадници на силите на редот се мобилизирани низ цела Франција. Како на пример во Стразбур, каде целта е да се спречи прекумерната употреба на петарди, кои редовно однесуваат човечлки животи. За што беше вратена полициската контрола на границата со Германија.
 
„Секоја година поради нессодветното користење на петардите има многу повредени, па и смртни случаи. Наша е цел новогодишното празнување да помине безбедно со колку што е можно помалку повредени“, вели Сара Жаме, полициски комесар.
 
Другата грижа на властите е возењето во алкохолизирана состојба.
 
„Потребна е поинаква организација. Да се предвиди спиење таму каде што се слави, враќање со такси, или назначување  капетан на вечерта кој нема да пие алкохол  и кој ќе ги врати сите. Накратко, да се превдиди однапред за  вечерта да заврши добро“, смета Бернар Спиц, Заменик претседател на здружението Осигурител превенција.
 
2014-та не беше лесна година, затоа само една петтина од французите смета дека новата 2015-та година ќе биде подобра, а повеќе од половоната дека ќе биде потешка од 2014. 
 
За 2015-та година французите најмногу посакуваат:  здравје, среќа и љубов, а ние на нашите гледачи на крајот од ова јавување од Франција, можеме да им поскуваме најубави желби на француски: Meilleurs veux et Bonne année.
 
 
Тони Гламчевски- дописник од Франција за МРТ