Струмичките гимназијалци го одржаа традиционалниот божиќен концерт

05.01.2014 14:35

Виенскиот новогодишен дух заживеа во струмичкиот Дом на култура. Хорот и оркестарот на Гимназијата „Јане Сандански“ приридеија уште еден неверојатен божиќен концерт. Во седумдесетминутното шоу на сцена ги оживеаја нотите на масјторите на романтизмот, а публиката ја прошетаа и низ Италија, Шпанија, Русија.

Новогодишно-божиќниот концерт се одржува веќе четврта година. Публиката наместо билет, носи подарок под елката за децата на кои им недостига празничната топлина.

„Луѓето се среќни кога има хуманитарни концерти, а и животот е краток треба почесто да се собираме“, вели една струмичанка.

„Многу е убава идејата треба и понатаму да продолжат“, додава друга сограѓанка.

Одговорните професори, задоволни од покажаното на сцена. Учениците аматери покажаа дека со љубов се достигнуваат височините.

„Презадоволни сме, дадовме повеќе отколку што очекувавме“, ги раскажува првите импресии учесник во оркестарот.

„Сепак љубовта кај нив е многу голема за пеењето, музицирањето, свирењето“, вели професор Анита Станковска.

„Можеби единствениот успешен концерт досега кога станува збор за класичната музика“, истакнува професор Денис Кирчанов.

Поради огромниот интерес кај публиката, од лани, концерот има две изведби.

Елката полна со подароци. Струмичани уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Велат и догодина ќе останат верни на традиционалниот божиќен концерт.

Катерина Дафчева