Новогодишен концерт на МОБ

31.12.2014 17:19

На програмата ќе бидат дела од П. И. Чајковски, Ф. Лехар, Ј. Штраус Помладиот, Е. Калман...

Македонската опера и балет на 1 јануари  во Македонскиот народен театар, во 20 часот, ќе го одржи својот Новогодишен концерт.

На програмата ќе бидат дела од П. И. Чајковски,  Ф. Лехар, Ј. Штраус Помладиот, Е. Калман...

Ќе настапат оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на МОБ.

Диригент ќе биде Ѓорѓе Павловиќ (Србија), а режисер,  Дејан Прошев.