Минусните температури не ја спречија забавата за дочек на Новата година

01.01.2015 16:53

Кога се споија стрелките на часовникот македонското небо го осветли традиционалниот огномен. Следуваа честитките и желбите за бериќетна и поуспешна година...

Метрополата ја испрати старата и и посака добредојде на Новата година. Кога се споија стрелките на часовникот македонското небо го осветли традиционалниот огномен. Следуваа честитките и желбите за бериќетна и поуспешна година.

Граѓаните играа и пееја до раните утрински часови.

Освен на плоштадот, Скопјани се забавуваа во кафулињата и кафеаните. Во центарот локалите беа исполнети до последно место.Атмосферата ја подгреваа странските и домашните хитови .

„Како што можете да видите сите се среќни сите се весели, не ни смета студот.“

„Да си ја најдат својата љубов да бидат среќни засекош и 2014-та да биде посреќна од 2015-та“, велат дел од граѓаните.

Забавата која траеше низ целата метропола на момент ги натера граѓаните да заборават на секојдневните обврски и проблеми. Во Новата година да влезат со искрени желби оваа да биде подобра од лани.

 

Викторија Тодоровска