Новогодишната ноќ помина без поголеми проблеми
Докторите имале малку повеќе работа од полицијата. 32-ца пациенти биле примени на токсикологија...
Мирна новогодишна ноќ во споредба со ланската – оценка на надлежните. Докторите имале малку повеќе работа од полицијата. 32-ца пациенти биле примени на токсикологија. Половина од нив претерале со алкохол. Повеќето биле девојчиња.
„Сите лица се пуштени на домашно лекување. Во текот на ноќта се примени двајца пациенти со труење од јаглен моноксид, при греење со манган“, изјави Д-р Нестор Поповски – Клиника за токсикологија.
56 пациенти биле прегледани во Универзитетскиот Ургентен хируршки центар. Од сообраќајки подебелиот крај го извлекле 15-мина.
Во службата за итна помош се јавиле 137 лица.
„Во текот на новогодишната ноќ од страна на дежурни пнуктови се реализирани вкупно 172 прегледи, а само во еден пункт во Ѓорче Петров имаме повреда од петарда кај дете на возраст од 10 години“, изјави д-р Татијана Баевска- Вучковиќ директор на Здравствен дом Скопје.
На хирургија на Свети Наум Охридски помалку работа во споредба со лани.
Препораките за мирна новогодишната ноќ дадоа резултати – оценка на министерката Јанкулоска.
МВР им врачи благодарници на граѓаните коишто во текот на минатата година помогнале во расчистување на разни кривични дела со нивното јавување на телефонскиот број 192.
Наташа Гркова- Петрушевска
