Пожар на покривот од кафеаната „Велково меанче“, се бараат причините

01.01.2015 15:41

За кратко време пристигнала противпожарната екипа со четири возила, а на помош биле повикани уште три...

Изутринава избувна пожар во кафеаната „Велково меанче“. Изгоре помошниот дел во поткровјето со неколку машини. На горниот спрат имало и соби. Граѓаните велат дека одеднаш забележале чад .

За кратко време пристигнала противпожарната екипа со четири возила, а на помош биле повикани уште три. 20 пожарникари интервенирале на поткровната конструкција која горела брзо бидејќи била од дрво. Тоа им ја отежнало работата.

Истрагата треба да каже што го предизвикало пожарот. Денеска никој не сакаше да ја претпостави евентуалната причина.

Дијана Ценевска