Првото бебе во 2015-та е женско- се очекува плодна и бериќетна година
Традиционално првото бебе и мајката добија златна монета и плакета...
Миа е првото бебе во 2015. Родено е веднаш по полноќ. Тешко е 3 килограми и 550 грама и долго 51 сантиметар. За семејството Лазарови од Кавадарци ова е трето женско дете.
На првото новогодишно утро малата Миа и нејзината мајка ги посетија градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и министрите Никола Тодоров и Диме Спасов.
Традиционално првото бебе и мајката добија златна монета и плакета.
На скопска Гинекологија синоќа се родиле и две машки деца. И мајките и бебињата се во одлична состојба.
Клиниката за гинекологија, изминатата година ја завршила со 6 илјади породувања, што е за 50 повеќе од 2013-та.
Според верувањата, доколку првото бебе што ќе се роди е женско, годината ќе биде плодна и бериќетна.
Сунчица Николовска
