Повеќе села во Западна Македонија сеуште се без струја

01.01.2015 20:01

Екипи на ЕВН Македонија работат на отстранување на дефектите...

Сончевиот ден помогна за поголема проодност на патиштата. На критичната точка кај Пресека е дозволен сообраќај само за патнички моторни возила.  Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци: Гостивар – Маврово - Дебар,  Дебар - Струга и Струга-Ќафасан.

Повеќе села во Западна Македонија сеуште се без струја. Екипи на ЕВН Македонија работат на отстранување на дефектите.

Жители на Вевчани  формираа кризен штаб, откако пет дена немаат електрична енергија.