Делови од САД и Канада оковани на -50
Арктичкиот студ што го окова делот од Мисисипи во САД до Нова Скотија во Канада не попушта – 60 сантиметри снег и неверојатни -50 степени, а чувството на студ дополнително го зголемува ветрот. Властите апелираа до граѓаните да не ги напуштаат домовите и да не возат без потреба бидејќи голем дел од патиштата се непроодни. Додека во некои места луѓето тргнаа во поход на продавниците по залихи, таму каде што студот е вообичаен, никој не крева паника.

„Вака е секоја година. Живееме овде 25 години, не е голема работа, се навикнавме. Се снаоѓаме со бродот и со автомобилот. Ако имаме струја и вода, добро е, ако ни ги отсечат, ќе ни студи малку, но одамна сме навикнати“, вели Боб Бочи, жител на Скитуат.
Во канадски Њуфаундленд без струја останаа 100 илјади корисници. Живите на термометрите во Торонто паднаа на -29 степени, а во Квебек на -38.
Њујорк, градот што не спие, прво мораше да се откопа од снегот. Прв пример даде градоначалникот Бил де Блазио, кој тргна на работа со лопата.
1.300 откажани и 6 илјади одложени летови предизвикаа голема депресија меѓу патниците кои се враќаат дома по божикните и новогодишните празници.
„Голема нервоза. Праќам мејлови да ги откажам состаноците. Имаше долга редица, 20 авиони чекаа пред терминалот“, вели еден од заглавените патници.
Најтешко се погодени меѓународните аеродроми О-Хара во Чикаго и Њуарк во Њу Џерси. Поради студот и снегот, во Висконсин беше откажан и натпреварот меѓу Грин Беј и Сан Франциско од НФЛ плејофот. Метеоролозите велат дека вакви големи арктички студови не се случуваат секој ден – последниот бил пред 20 години. Предвидуваат дека студеното време ќе се задржи на средниот запад и во наредните неколку денови, полека движејќи се на север.
Ивана Салтировска