Атлетика
Етиопска доминација во Сао Паоло!
01.01.2015 20:06
Во машка конкуренција Давит Адмасу истрча 45 минути и 4 секунди и беше побрз од Кениецот Стенли Коеч...

90 години спортски синоним за новогодишната ноќ е трката во Сао Паоло. На 15-те километри низ улиците на бразилскиот мегалополис, овојпат најбрзи беа атлетичарите од Етиопија.
Во машка конкуренција Давит Адмасу истрча 45 минути и 4 секунди и беше побрз од Кениецот Стенли Коеч и од Фабијано Наси од Танзанија.
Кај дамите триумфираше најдобрата од 2008-ма, Имер Вуде Ајалев со време 50 минути и 42 секунди, пред сонародничката Нетсанет Гудета Кебеде и Присках Џепто од Кенија.
