Кошарка – НБА
НБА ѕвездите и на Нова година на паркет!
01.01.2015 20:08
И на шампионот Сан Антонио му беа потребни дополнителни пет минути за да го победи Њу Орлеанс со 95:93...

Додека Европа влегуваше во новата година, НБА кошаркарите „одработуваа празнично“. Дурент се врати, постигна 44 поени, а Оклахома го совлада Феникс по продолжение со 137:134.
И на шампионот Сан Антонио му беа потребни дополнителни пет минути за да го победи Њу Орлеанс со 95:93.
Клиперс ја продолжија мизеријата на Њујорк, 99:78. Со две тројки, Крофорд му го одзема деветтото место на Стојаковиќ на вечната листа.
Милвоки го искористи отсуството на Леброн Џејмс и на гости славеше против Кливленд со 96:80.
Во другите мечеви: Бостон – Сакраменто 102:83, Индијана – Мајами 106:95 и Хјустон – Шарлот 102:83.
