Јакобсен не го дава приматот во Гармиш!
И тоа се случи, подиум без Австријци. Норвежанецот Андерс Јакобсен како и лани триумфираше на второто натпреварување, во Гармиш-Партенкирхен...

63 години, 1-ви јануари има и спортски шмек, благодарение на Новогодишната турнеја „четири скокалници“.
И тоа се случи, подиум без Австријци. Норвежанецот Андерс Јакобсен како и лани триумфираше на второто натпреварување, во Гармиш-Партенкирхен. Скоковите од 135,5 и метар подалеку во финалната серија, му беа доволни на Јакобсен да биде подобар од Швајцарецот Аман и од Словенецот Превц кој на лидерот на турнејата Австриецот Крафт му се доближи на само бод. Неговиот сонародник Хајбек пак, како прв во Светскиот куп има 19 бода повеќе од Чехот Куделка.
Турнејата од Германија ќе се пресели во Австрија на скокалницата во Инсбрук на 4-ти јануари.
