Нови работни места- желба на кумановци за младите да не заминуваат во Ирак и Авганистан

02.01.2015 10:31

Ако 2014 година за кумановци е понеуспешна од минатите, во 2015 имаат скромни желби. Што посакаа граѓаните на Куманово да им донесе 2015 година?

Празнична атмосфера во Куманово.Продавниците, угостителските објекти, зградите се накитени со празнични украси и сијалици.Граѓаните ги затековме во брзање пред последните подготовки за новогодишната ноќ  и ги прашавме што е она што им оставило белег во годината што изминува.

„Среќна ми е 2014-та затоа што добив син, тоа е најголемата радост за мене и моето семејство... Многуте проекти што ги реализира Владата подобрувањето на животот на  граѓаните…Оваа беше година на многу политички и економски настани во државата“, велат анкетираните кумановци.

И по некое непишано правило во празничната еуфорија се забовава лошто и остава простор за нешто ново и подобро.Така и куманови се надеваат дека новата 2015-та ќе им биде побериќетна од минатата.

„Мир, љубов и среќа на сите наши сограѓани...Најважно е прво здравјето...Но, би додал и економски развој во државата и влез во ЕУ и НАТО…Подобрување на буџетот, а пред се повеќе пари во нашите џебови“, посакаа граѓаните.

И можеби од оваа студено време не се сетија да кажат, но желбата на многу кумановски семејства е повеќе капитални инвестии во градот и отворање на нови работни места за  младите за да не заминуваат повеќе на печалба во земјите на Блискиот исток како што досега беше праксата во Ирак и Авганистан.

 

Габриела Димковиќ