Мир и просперитет посакуваат Американците во Новата година

02.01.2015 12:10

Мир во светот, подобра работа, подобро образование и среќа во семејствата се желбите на Американците за Новата 2015-та година...

Кој вели дека и граѓаните од најмоќната држава во светот немаат желби за 2015-та? Американците во Новата година посакуваат просперитет на сите полиња, среќа во семејствата и подобро образование.

„Сега имам едногодишен син. Сакам да го гледам како расте, да ги завршам студиите и да најдам добра работа“.

Помладите се поскромни, па единствено сакаат нивниот хокеарски тим да го освои првенството.

„Сакам Пентс да го освојат првенството“.

„И ти исто?“

„Не, јас сакам Капитолс да победат“.

Најголемиот број од Американците како и минатата година посакуваат мир во светот.

„Светот да биде подобро место“.

„Мир низ светот. Верувам ако имаме мир, се друго ќе се среди“.

„Само тоа ни треба, светски мир“.

„И јас исто, мир во светот“.

„Мир на Земјата“.

„Мир. Мир насекаде во светот. И Среќна Нова Година на сите, не само во Америка“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.

И млади и постари за време на новогодишните празници ја посетуваат Националната Божиќна Елка во близина на Белата куќа во Вашингтон. Дојдени од сите краеви на Америка, но и од светот имаат речиси исти желби за благосостојба во 2015-та.

Американците во Новата година очекуваат да најдат подобра работа и подобро платена.

 

Ирина Гелвска- постојан дописник од Вашингтон за МРТ