Мир и подобра локална економија- желби на велешани за 2015-та

02.01.2015 12:16

Општината за наредната година покрај гринфилд, очекува и една браунфилд инвестиција. За потребите на овој инвеститор веќе се работело на промена на локалната урбанистичка документација за месноста Порцеланка...

2014-та за велешани  е година на пресврт. Стечајците добија обештетување, градот првата странска инвестиција, културата веќе се развива во новата театарска зграда, Топилницата се избриша од ДУП.

„Најдоброто, прво што го решија за стечајците, второ што градоначалникот тргна со добри работи со запослување.“

„Топилница вредеше, ова што го направија еколозите, други работи нема ништо посебно.“

„Добро беше ама да биде уште подобро.“

„Па добро е можело да биде и подобро, да се надеваме за 2015 година“, велат анкетираните  велешани.

Од првиот до последниот ден во 2014 година работевме во интерес на граѓаните, вели градоначалникот Славчо Чадиев. 110 проекти се целост завршени, најмногу се работело  на подобрување на инфраструктурата и создацвање на услови за развој на локалната економија.

„Во таа насока е неуморната борба за отварање на што поголеми можности за преставување на општината како во регионот, ваво во републиката  така и пред меѓународната заедница со една единствена цел привлекување на инвеститори“, изјави Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес.

Општината за наредната година покрај гринфилд, очекува и една браунфилд инвестиција. За потребите на овој инвеститор веќе се работело на промена на локалната урбанистичка документација за месноста Порцеланка.

„Сето тоа ќе го заокружиме на крајот од месец март, почетокот на април“, додаде градоначалникот Чадиев.

Мир и подобра локална економија- ова е желбата за 2015-та година. 

Ако низ велешките улици не пресретнуваат насмеани лица, тогаш добро е, желбата во голем процент ќе ни биде исполнета.

Дијана Иванова