Минусните температури остануваат до среда

02.01.2015 13:23

Минимални температури до – 19 степени се измерени ноќеска во Македонија. Најладно било во Тетово, а најтопло во Гевгелија...

Минусни температури остануваат до среда, најавуваат од Управата за хидрометролошки работи. За викендов се очекуваат нови снежни врнежи

Минимални температури до – 19 степени се измерени ноќеска во Македонија. Најладно било во Тетово, а најтопло во Гевгелија.

За утре се очекува покачување на температурата, а од недела од север ќе се спушта нов студен бран со засилен северен ветер, врнежи претежно од снег, но со слаб интензитет.

До среда ќе се задржи стабилно, суво и студено време со утрински температури од -13 до -5, а дневните од -4 до 3 степени.