Педијатарски пункт на поликлиниката „Јане Сандански“ од 9-ти јануари
Причина за ваквата одлука е зголемениот број на медицински случаи во клиниката, кој за празниците достигнал бројка до 100 деца...

Настинките и полесните медицински проблеми кај деца нема да се лекуваат само на Клиника. Министерството за здравство донесе одлука за отварање на Педијатарски пункт во поликлиниката Јане Сандански во населба Аеродром.
Пунктот ќе почне со работа од деветти јануари и ќе работи секој ден од 19 до 23 часот, а во недела од осум до 23. Во него ќе работат педијатри и медицински сестри од клиниката за детски болести, како и медицински персонал од универзитетската Биохемиска лабораторија.
Причина за ваквата одлука е зголемениот број на медицински случаи во клиниката, кој за празниците достигнал бројка до 100 деца.
Сепак, од Министерството за здравство појаснија дека и покрај новоотворениот пункт во населбата Аеродром, нормално ќе функционираат и Клиниката и Болницата за белодробни заболувања во Козле.
