Ракомет

Одбројуваме до СП во Катар

02.01.2015 13:57

Деновите до првиот мундијалски натпревар со Тунис се одбројуваат, а како и на секое големо натпреварување стартот е важен особено што победа во првиот натпревар и веднаш потоа и со релативни послабиот според рејтинг и квалитет Иран широко ќе ја отвори вратата кон првата цел -пласман во осминафиналето...

Празниците не го реметат ритамот, по напорниот прв дел од подготовките со акцент на физичката подготовка,од вечерва нашите најдобри ракометари одново се на собир за финализирање на формата пред настапот на светското првенство во Катар. Деновите до првиот мундијалски натпревар со Тунис се одбројуваат, а како и на секое големо натпреварување стартот е важен особено што победа во првиот натпревар и веднаш потоа и со релативни послабиот според рејтинг и квалитет Иран широко ќе ја отвори вратата кон првата цел -пласман во осминафиналето.

„Ако победиме во првиот натпревар мислам дека нашиот воз на светското ќе тргне и ќе биде многу полесно понатаму.Нашата цел е јасна ,пласман во четвртфиналето,иако е јасно дека нема слаби противници.Никој случајно не се пласирал на светското првенство“-вели наумче Мојсовски кој поради повреда пред една година го пропушти настапот на ЕП во Данска.

Се подготвуваат и тунижаните. На конечниот список на селекторот Сеад Хасанефендиќ се 18 искусни  ракометари од кои поголем дел кариерата ја градат во францускиот шампионат предводени од првата ѕвезда Жалуз кој ги брани боите на Барселона.Формата ја градат на турнир во Швајцарија кеде што вечерва играат со селекцијата на Белорусија.Ние на двапати ги одмеривме силите со Израел во натпревари во кои нападот беше подобар од играта во одбрана.

Вистинската проверка ќе биде на турнирот во Франција каде што на 9 и 10-ти месецов нашата селекција прво ќе одигра натпревар со Алжир,а потоа со Франција или Аргентина. Двете последни контроли пред, како и сите на мундијалот од кој очекувањата се не само добар пласман туку и олимписка виза ексклузивно ќе ги следиме на македонската телевизија.