Пандев бара пари од Галатасарај

02.01.2015 14:16

Напаѓачот на англискиот премиерлигаш е пред трансфер во Галатасарај, а челниците на клубот веќе го договараат прекинот на соработката со нашиот интернационалец...

Горан Пандев е пред раскинување на договорот со екипата на Галатасарај. Турскиот фудбалски гигант преговара со Папис Сисе од Њукасл.

Напаѓачот на англискиот премиерлигаш е пред трансфер во Галатасарај, а челниците на клубот веќе го договараат прекинот на соработката со нашиот интернационалец.

Турците не сакаат да заработат од заминувањето на Пандев и му даваат можност без отштета да го напушти клубот, но Македонецот бара да си ги добие парите што биле договорени при доаѓањето во Истанбул.

Галатасарај има долг кон фудбалерите од неколку плати а за Пандев тоа се околу еден милион евра  плус уште толку што тој би требало да ги добие до крајот на сезоната. Затоа македонскиот напаѓач нема да замине додека не добие поголем дел од оваа сума.

Сепак, останува неизвесно дали Пандев ќе биде дел од Галатасарај и во пролетниот дел од сезоната, но важи понудата од Џенова за да и се приклучи на 1 јули како слободен играч без отштета.

Претседателот на Џенова, Прециози  не се откажува од Пандев и сака да го види како прво засилување на лето, откако трансферот во јануарскиот преоден рок пропадна зашто клубот ја исполни нормата за ангажман на еден нов фудбалер кој доаѓа од земја надвор од Европската Унија.