Закана за терористички напад во Мадрид

02.01.2015 14:27

По приведувањето тој изјавил дека експлозивот го подметнал во еден од возовите...

Паника во Мадрид. Полицијата на железничката станица Аточа во шпанската престолнина привела лице за кое се сомнева дека подготвувало терористички напад.

По приведувањето тој изјавил дека експлозивот го подметнал во еден од возовите.

Полицијата веднаш извршила евакуација на неколку железнички композиции. Сообраќајот е во прекин.

Мадрид на 11-ти март пред 10-на години беше цел на терористички напад во којшто загинаа 191 лице.