Јанакиески:„Виз ер“ ќе лета кон нови пет центри

02.01.2015 14:58

„Два дена пред истекот на 2014 година „Виз ер“ е избрана за нискобуџетен авиооператор за наредните три години“, соопшти денеска министерот Јанакиески, презентирајќи го отчетот за сработеното во минатата година...

Изградба на речиси 110 – тина километри нова патна мрежа, низа капитални проекти во железницата, нови авио- линии до европските дестинации, бесплатни геодетски елаборати за ранливите категории, почеток на гасификацијата. За историска во подобрување на инфраструктурата ја оцени министерот за транспорт и врски, Миле  Јанакиески 2014 тата година.  

Со субвенции од државната каса, Виз Ер ќе лета кон нови пет центри. Охрид ќе се поврзе со Базел.

„Два дена пред истекот на 2014 година „Виз ер“ е избрана за нискобуџетен авиооператор за наредните три години“, соопшти денеска министерот Јанакиески, презентирајќи го отчетот за сработеното во минатата година. 

Во 2014, потсети Јанакиески, преку проектот за финансиска поддршка за нискобуџетни компаниии беа воведени пет нови дестинации кон Франкфурт, Париз, Брисел, Келн и Рим.