Потрагата по остатоците од авионот на „Ер Азија“ отежната поради лошите временски услови

02.01.2015 15:20

Спасувачките екипи од Јаванското море извлекоа уште седум жртви. Потрагата е отежната поради лошите временски услови...

Меѓународен тим на стручни лица со софистицирана опрема за акустична детекција се во потрага по жртвите, црната кутија и остатоците од авионот Ер Азија, со155 патници и  7 членови на екипажот.

Спасувачките екипи од Јаванското море извлекоа уште седум жртви. Потрагата е отежната поради лошите временски услови.

Според анализите, авионот не се распаднал во воздух, туку потонал во морето на длабочина од 30-на метри откако бил удрен од гром.