Расте интересот за проектот „Купи куќа- Купи стан“

02.01.2015 16:13

Проектот „Купи куќа- Купи стан“ ги намали и каматните стапки на станбените кредити кај банките. Уште една поволност од неговата реализација, вели Ставрески...

Уште стотина семејства ќе бидат стокмени во нов дом. Ги задоволиле условите во проектот „Купи куќа- Купи стан“. Ќе добијат финансиска поддршка меѓу 9- 14 илјади евра. Вицепремиерот и министер за финансии, Ставрески задоволен од интересот и реализираните барања. Вели дека овој проект останува во приоритетите и за оваа година.

„Вкупно со тоа, бројката на лица од проектот кои што добиле средства од проектот Купи куќа- Купи стан за сите години се искачи на 440. Значи имаме еден солиден интензитет на барања и очекувам и во 2015-та да продолжи истото“, изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Проектот „Купи куќа- Купи стан“ ги намали и каматните стапки на станбените кредити кај банките. Уште една поволност од неговата реализација, вели Ставрески.

„Трошоците се најниски, историски гледано во овие 20 години. Никогаш немало толку ниски каматни стапки за добивање на станбен кредит“, додава Ставрески.

Најголем интерес за проектот има од семејствата со средни и ниски примања. Надлежните изминатиот период организираа и Саем за оние кои сакаат да го решат животното прашање, а во најава е отворање канцеларија во која граѓаните ќе можт дополнително да се информираат.


Катерина Топалова