Доброволната задолжница пример за јавно- приватен дијалог

02.01.2015 17:09

Комората ќе скенира, како Законот за финансиска дисциплина ќе се одрази врз работењето на компаниите, до јуни ќе ги обелодени првичните анализи...

Бизнисот задоволен- задолжница стана механизам за наплата само на доброволна основа. Пример за јавно- приватен дијалог мегу државата и компаниите – оцени првиот човек на Стопанската Комора. Задолжителната примена би била физички и финански товар за компаниите – говорат анализите на стопанството. По преговорите со владата законот за финанасиска дисциплина го апсолвираше најдоброто – вели Азески.  

Комората ќе скенира, како Законот за финансиска дисциплина ќе се одрази врз работењето на компаниите, до јуни ќе ги обелодени првичните анализи. За бизнис секторот заедно со доброволната задолжница, законското решение е доволен гарант за ефикасност во наплатата.

„Со прифаќањето на барањето на бизнис – заедницата овој механизам ќе продолжи да функционира само на барање на доверителот. нема да има никаква опасност во плаќањата меѓу фирмите, бидејќи самата задолжница како доброволен инструмент ќе ја има истата функција како да е задолжителна, а со законот за финансиска дисциплина, по 60 или 120 дена согласно договорот, должникот ќе има обврска да му ги исплати побарувањата на доверителот“, изјави Данела Арсовска, претседател на ССК.

На барање на стопанствениците законот за задолжница беше донесен пред две години. За нов овој инструмент да се подобри наплатата и ликвидноста на стопанството, да се зајакне финансиската дисциплина ..

 

Сузана Фиданска- Стоевска