Врховен суд: Одложено издржувањето затвор за Бучковски

02.01.2015 17:17

Врховен во периодот што следи, вонредно ќе ја преиспитува правосилноста на пресудата...

Врховниот суд донесе решение со кое се прифаќа барањето за  одложување на  издржувањето на  две годишна  казна затвор  за поранешниот министер за одбрана  владо бучковски. Одлуката е донесена на последниот ден од 2014-тата.

Скопскиот кривичен го осуди поради поврзаност во аферата „Тенковски делови“. Апелација потврди. Врховен во периодот што следи, вонредно ќе ја преиспитува правосилноста на  пресудата. 

Оттаму потврдија дека е донесено такво решение, и ќе трае  се додека  не се донесе одлука по вонредното преиспитување. Тоа може да биде за неколку месеци.