Времено укинати два воза кои сообраќаат до и од Битола и Кичево

03.01.2015 11:51

Двата воза нема да сообраќаат се додека не се стекнат услови за нивно повторно воведување во редовниот железнички сообраќај...

Поради лошите временски услови и ниските температури од денеска времено ќе бидат укинати возовите со број 541/540 на релација Скопје – Битола – Скопје и 660/663 на релација Скопје - Кичево-Скопје.
 
Како што соопшти МЖ Транспорт АД – Скопје, двата воза нема да сообраќаат се додека не се стекнат услови за нивно повторно воведување во редовниот железнички сообраќај.