Пред Бадник – палење на коледарските огнови

05.01.2014 15:04

Православните христијански верници во земјава утре го слават бадник, ден пред големиот празник, Рождеството Христово, Божик.

Во пресрет на Бадник, вечерва во скопските маала и во други населени места во земјава, ќе се одржат народни собири, со традиционално палење бадникарски огнови. Рано изутрина, Рождеството Христово ќе го најават децата коледарчиња.

Македонскиот народ, со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божик е празник и матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера!