УЈП: Контрола на 13 угостителски објекти, два затворени
03.01.2015 14:20
Според информациите, екипите на УЈП требало да извршат контрола во 13 објекти, но контролирале само 11 бидејќи 2 во моментот не работеле...

Управата за јавни приходи со асистенција на полицијата вчеравечер изврши голема акција низ најпознатите скопски локали. Според информациите, екипите на УЈП требало да извршат контрола во 13 објекти, но контролирале само 11 бидејќи 2 во моментот не работеле.
1.250 евра глоба ќе треба да плати кафулето Бастион на улицата Пиринска бидејќи во него биле затекнати лица како не ја почитуваат забраната за пушење. Соломатик доби клуч на врата за наредните 15 дена и казна од 2500 евра поради несогласување на дневниот промет со фискалната каса.
Во кафулето Кала бил затекнат еден непријавен работник поради што е известена Трудовата инспелцкција која треба да ја води понатамошната постапка.
Во кафулето Калабрија на Качанички пат инспекторите утврдиле неевиентиран платен промет на фискалната каса поради што изрекле глоба од 3.250 евра, а на кафулето му издале забрана за работа во наредните 15 дена. Покрај ова, во истиот објект е затекнато и едно непријавено лице за што е известена Трудовата инспекција.
Во ресторанот Тиволи утврдено е дека во касата има помалку пари од она што е регистрирано на фискалниот апарат поради што на сопственикот му е даден налог за порамнување со УЈП. Покрај ова во истиот ресторан затекнати се лица кои пушеле поради што им се издадени налози за казни по 150 евра, а на ресотранот изречена му е казна од 1.250 евра.
Во ресторанот Маратонец во скопски Аеродром, утврдени се многу неправилности. Изречена е 1.500 евра казна поради непочитување на нормативите за храна, дополнителни 3.250 евра за нерегситрирање промет на фискална каса и 3 дена забрана за работа
Клуч на врат доби и ресторанот Мечос поради утврдени неправилности во работењето. Во кафулето Латана не е извршена конторла бидејќи сопственикот сам го затворил.
Контрола е извршена и во ресотранот Боними, кафулето Лезет и Пивницата Стар Град, но на овие места инспекторите не утврдиле никакви неправилности.
