Велес има потреба од Ургентен центар
Местоположбата на Велес ја наметнува потребата од проширување и осовременување на општата болница, посебно од изградба на Ургентен центар. На тој начин ќе може да им се пружи соодветна здравствена услуга на сите граѓани од вардарскиот регион.
На велешката општа болница и е неопходен Ургентен центар. 300 пациенти кои во 2014 години биле хоспитализирани од последици на сообраќајни несреќи ја наметнува потребата од итна реализација на овој проект. Од болницата откриваат дека преговорите со надлежните институции веќе се започнати, првичните пресметки се направени, просторот лоциран.
„Велес се наоѓа на таква место положба да сите сообраќајки кои се случуваат од Гевгелија кон скопје доаѓаат во Велес или од Катланово према Велес доаѓаат во Велес и затоа ни е потребен Ургентен центар кој ќе работи во светски стандарди“, смета д-р Атанас Василев, директор на Општа болница Велес.
Проектот за изградба на ургентен центар ја има подршката од локалната самоуправа. Таткото на градот лобира за забрзување на постапката. Вели, брзата и соодветна здравствена услуга е чекор повеќе кон поквалитететн здравстен систем.
„Спрема статистиката број на поминати возила на наплатните рампи во двата правци имаме 4 милиони луѓе кои поминаљле изминатата година тука е неиоходноста од Ургентен центар“, изјави градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.
Во Општата болница Велес, болничко лекување добиваат и околу 200 илјади жители од Вардарскиот плански регион. Според реализираните инвестициите, и бројката на нови вработувања, 2014-та година за оваа институција беше една од најдобрите.
Дијана Иванова
