Балканот парализиран од снежно невреме, студот однесе човечки животи

03.01.2015 17:08

Температурите во текот на ноќта во Босна се спуштиле и до -18 степени под нула, а најниска температура е измерена во Соколац, каде достигнала рекордни -26. Властите издадоа метоаларм за предупредување...

Снежно невреме и минусни температури го парализираа Балканот. Снегот предизвикаа проблеми во патничкиот и авиосообраќајот. Студот носи и човечки животи. Во Босна и Херцеговина три.
 
Во Долна Јабланица било пронајдено телото на 53-годишен маж кој починал поради смрзнатини. Босанските медиуми јавија дека во Зеница починал бездомник.
 
Напорите на итната медицинска помош да го реанимира биле безуспешни. Температурите во текот на ноќта во Босна се спуштиле и до -18 степени под нула, а најниска температура е измерена во Соколац, каде достигнала рекордни -26. Властите издадоа метоаларм за предупредување.
 
Времето создава проблеми и во Албанија. И таму има три жртва. Чувар на кафуле утрово бил пронајден мртов. Медицинските екипи утврдиле дека жртвата починала од инфаркт како последица од студот.
 
Повеќе делови од земјата се без струја, а десетина села се целосно отсечени. Во Хрватска е издадено предупредување до возачите внимателно да возат поради густа магла.
 
„Ние сме навикнати на студено време и многу снег... Сега сме модернизирани, па полесно се справуваме со снегот“, велат дел од жителите.
 
Додека за едни снегот и ниските температури созадаваат проблеми, жителите на Хрватска ги искористија празниците да ги посетат Плитвичките Езера, каде природата создаде вистински ремек дела.
 
 
Марија Петковска