Научните трудови- слаба алка на универзитетите
Образованието е сфера што не трпи застој. Колку повеќе вложуваме во себе и во развојот на науката толку повеќе ќе бидеме ценети – вели професорот Иван Бимбиловски...
Компаративните анализи покажуваат дека научно- истражувачката дејност е слаба карика на македонските универзитети. Споредбата со земјите од регионот покажува дека таму има 10 пати повеќе објавени научни трудови од овде. На пример, Даница Финк Хафнер, професорка по јавна управа на Универзитетот во Љубљана објавила 19 научни трудови, а нејзиниот колега Миро Хацек од истата катедра 8 научни трудови со импакт фактор.
И Економскиот факултет во Словенечката метропола со висок импакт фактор. Миха Скерлавај објавила 21 научен труд, а колегите Бостјан Анточич и Јозеп Дамија по 13 научни трудови со импакт фактор. И Хрватите со низа потписи на трудови. Во областа на правото предничи Мирјана Касаповиќ, а во екомонијата Марина Дабич и Маринко Скале кои по 19 научни трудови.
Образованието е сфера што не трпи застој. Колку повеќе вложуваме во себе и во развојот на науката толку повеќе ќе бидеме ценети – вели професорот Иван Бимбиловски.
„Тоа е показател за нашиот придонес кон науката и истражувањето. Тоа е влог во идните генерации, во смисла дека преку истражувањето ние стануваме и подобри наставници“, смета Иван Бимбиловски, Проректор на Универзитетот „Свети Апостол Павле“.
Оние кои го пренесуваат европското искуство велат дека државниот испит во Италија е порта за вработување. „Го полагаат и адвокати и инженери“, вели новинарот Матија Пертолди.
„Во Италија е сосема нормално да се има државен испит, потребен е за вработување во иднина. На пример за адвокати, инженери, професионални новинари- мора да се помине испит. Исто и кај нас, се спроведува од страна на министерството. Исто е во Рим, Милано и Удине. Со ова може да се осигурате дека образованието било добро“, изјави Матија Пертолди – дипломиран студент на Универзитетот во Удине.
Со поддршка за реформите и дел од бизнис заедницата. Според Менаџментот на Реплек Фарм ќе се профилираат стручни и професионални образовни кадри што ќе се вклучат во тековното работење и ќе бидат значаен репрезент на квалитетот и професионалноста на бизнис секторот.
„Континуирана проверка на постигнатите студиски знаења ќе обезбеди конкуренција на пазарот на труд , со што ќе се поттикне наставниот кадар во високо образвоните институции за проширување на наставно научната дејност “, велат од компанијата.
Според познавачите, освен за квалитетно образование, државниот испит ќе генерира мотивација за дополнителна наобразба и усовршување.
Наташа Гркова- Петрушевска
