Неуспешни азилантски приказни

04.01.2015 14:33

Тргнав со надеж дека ќе најдам засолниште во некој камп за бегалци или било каква работа, бидејќи во мојата држава се војува, вели 20 годишниот Сеид Ромал, бегалец од Авганистан...

Тргнале од Авганистан да бараат подобар живот во Западна Европа. Но, нивната приказна најчесто завршува на половина пат. Групата од 20 - тина лица од Авганистан, меѓу кои и жени  со осум малолетни деца, во Куманово беа спречени во намерата.

Тргнав со надеж дека ќе најдам засолниште во некој камп за бегалци или било каква работа, бидејќи во мојата држава се војува, вели 20 годишниот Сеид Ромал, бегалец од Авганистан.

Немаме документи, знаеме дека нашиот пат е нелегален. Но, знаете јас сум сираче ,татко ми умре кога бев дете, дома оставив болна мајка и малолетна сестра и морам некако да се снаоѓам“, изјави 20 годишниот Сеид Ромал, бегалец од Авганистан.

Црномурестите гости секојдневно патуваат со јавниот превоз, пазарат во продавници и најчесто прашуваат за патот на кај Лојане, од каде што патот го продолжуваат кон Србија и Унгарија.

Бегаме од војната, нашите денови се разрушени, бараме спас во било која држава, да работиме било што, само да можеме да преживееме, додава неговиот сопатник Хамид Рушит.

Според нашиот закон, беглаците можат да бидат казнети само за илегално поминување на граница и потоа да бидат вратени во матичната држава.

Мигрантите кои ќе бидат фатени се носат во приватниот центар во Гази Баба, а оние кои ќе побараат азил во кампот во Визбегово. Најголем дел од нив се враќаат во земјата од каде што влегле.

 

Габриела Димковиќ