Транзициска приказна на ,,Брако”

05.01.2014 16:12

Транзиционен Велес памети петнаесетина отворени стечајни постапки и само неколку успешно завршени. Фабриката ,,Браќа Кашулчеви“  е  еден од позитивните примери.  Пред десетина години малкумина веруваа дека  тогаш руинираната  фабрика со 50 вработени  и  без никаков машински парк ,денеска да прерасне во Метална индустрија.

Транзиционен Велес памети петнаесетина отворени стечајни постапки и само неколку успешно завршени. Фабриката ,,Браќа Кашулчеви“  е  еден од позитивните примери.  Пред десетина години малкумина веруваа дека  тогаш руинираната  фабрика со 50 вработени  и  без никаков машински парк ,денеска да прерасне во Метална индустрија.

„Брако има стабилни договори со странски партнери извезува во 19 држави низ Европа и пошироко. Има неколку производствени  програми кои прават добра дисперзија на ризикот на работењето и сите тие компоненти се клучни  точки заради кои мислам дека ,,Брако“ успеа да се наметне како добар производител“, вели  Кочо Анѓушев, претседател на бордот  директори на ,,Брако“.

Динамичен е развојниот пат  на компанијата.  Од годишно производство на 10 илјади тони  годинава  производството на „Брако” тежи 40 илјади тони  готови производи, од кои 96 проценти завршуваат на странскиот пазар.

„Преку педесет производи од типот на медицински помагала се произведуваат во Брако, 100 проценти е извозна програмата и извезуваме во Холандија, Шведска и во  Германија“, рече Никола Тодоровски проект менаџер на  ,,Брако”.

Плановите за развој  стануваат реалност, вели Анѓушев, откривајќи дека по две години  интензивна соработка со италијански партнер договорено е покрај производството на 600 делови во Брако да се составува и првиот камион за чистење на улици.

,,Веќе имаме постигнат договор од Нова година па натаму  металните конструкции и деловите  и понатаму да  се произведуваат во ,,Брако“,  но сите останати компоненти да дојдат во земјава и тука да се склопува камионот, односно од Македонија и од  фабрикава да испадне финален производ“, најави Анѓушев.

Во ,,Брако“ сега  работат 450 велешани, но бројката сигурно ќе се зголеми, бидејки Анѓушев веќе ја најави потребата за нови 45 работници. Според бројот на вработени МИ ,,Брако“ е компанија  со најмногу вработени во Велес.

 

Дијана Иванова