3 години од убиството на ученикот Јашари, во ГУЦ

05.01.2014 16:21

Три години по најголемата загуба за семејтвото Јашари. Домот се уште празен, болката свежа. Мајката Фетија е таа која го издржува петчленото семејтво, работи во училиштето во кое го загуби својот син. Не се жали, вели дека не им недостасува ништо освен синот, имаат доволно за живот. Пред еден месец поднеле тужба до Министерството за образование, градот Скопје и општина Карпош. Бараат оштета 11 милиони денари, а доколку ги добијат парите веќе имаат планови.

„Сакам на другиот син да му биде поубаво од мене, да ја осигурам иднината негова. И да дадам на некое сиромашно семејство, да помогнам, и нешто за душа за синот. Ние градиме или чешма споменик“, вели Фатије Јашари.

Трошоците за тужбата ги подмириле сами. Земале кредит, а досега немаат добиено никаква  помош од никого.

Џеваит Јашати, татко на Мухамед Али Јашари вели „Не мораше помош, затоа што синот никој неможе да ми го врати, без разлика што и да посакам. Меѓутоа требаше човечки, гледам на телевизија колку има тепачки по автобуси по стадиони. Макар да дојдоа на едно кафе да прашаат како сте, што сте“.

Денеска нивниот дом го посетија и од невладината организација „Движење за Заедничка Визија“. Заедно со семејстото Јашари велат дека наредниот период ќе превземат низа активности за да има поголема толеранција и разбирање на младите во Македонија.

Трагедијата се случи во школскиот двор на училиштето ,,Здравко Цветковски“ во Скопје. Мухамед Али Јашари го загуби животот во април 2011, бранејќи го својот школкси другар Македонец.

Ана Јосифовска