Остатоци од снег и голомразица на патиштата
05.01.2015 08:48
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Жировница - Струга - Дебар...

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, наместа со остатоци од снег по коловозите. Поради ниските температури на повисоките места можна е појава на голомразица, соопштуваат од АМСМ. Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Жировница - Струга - Дебар.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони
