17% од работната сила во Македонија се занимава со земјоделство
Земјоделското производство и преработувачите капацитети учествуваат со 13 проценти од бруто домашниот производ. Со оваа дејност во Македонија се занимаваат 17 проценти од работната сила...

Земјоделството обезбедува приходи и вработување за скоро 17 проценти од работната сила во државата. 43 насто од населението е во руралните средини и обработува половина од вкупната површина на Македонија.
Извозот на земјоделски и прехранбени производи во трговијата учествува со 19 насто, а најзначајн трговски партнер ни е Европската Унија.
Најмногу се продава тутун, вино, зеленчук, јагнешко, овошје и преработки.
Она што недостасува, велат експертите е промоцијата во која последниве години се вклучува и државата. Целта е презентација во земји со брзорастечки пазари, голем број на потрошувачи и зголемена куповна моќ.
Методија Трајков
