Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божик
Со традиционалниот Бадникарски оган, православните верници ги почнуваат чествувањата пред големиот празник - христовото раѓање, Божик...

Вечерва низ цела Македонија ќе горат Бадниковите огнови. Претседателот Ѓорѓе Иванов е кум на 31-та традиционална маџирмаалска средба. Ги повика жителите на Маџирмаало во 18 часот да присуствуваат на палењето на огнот.
Со традиционалниот Бадникарски оган, православните верници ги почнуваат чествувањата пред големиот празник - христовото раѓање, Божик. Бадникарскиот оган, се верува дека го симболизира загревањето на пештерата кај Витлеем, во која се родил Исус.
Свештените лица со совети, постот не значи само воздржување од храна, туку прочистување на срцето и на умот. Повикуваат, дружбата меѓу луѓето да биде во Црквата, за време на литургијата.
