Малолетник во притвор поради претепување
Еден од малолетните насилници кои го претепаа возачот на Брзата помош заврши во притвор поради нанесување на тешки телесни повреди. Двајца негови другари добија кривични пријави за насилство. Ова е епилогот од истрагата за новогодишниот инцидент во кои беше нападната екипа на Брзата помош во скопска Кисела Вода.
Во друштвото на малолетниците двајца колабирале од пиење алкохол. Инцидентот со Брзата помош избил откако момчињата се обиделе да го застанат медицинското комбе за да помогнат на друг другар кој кршел шишиња и си ја исекол раката.

„Еден од малолетниците во својот исказ рекол дека бил нападнат од возачот на Итната помош, но неговото тврдење го негираа и возачот и останатиот медицински персонал“, изјави Иво Котевски помошник министер за внатрешни работи
Од Итната помош апелираат до граѓаните да се трпеливи и да ги слушаат советите на лекарите додека помошта не стигне во нивниот дом. Не се размислува за постојано обезбедување на вработените освен во исклучителни случаи, што и досега се пректикува.
„Ние бараме полициска асистенција кога се работи за специфични случаи, како натпревари, транспорт на насилни лица, алкохолизирани, и агресивни пациенти“ вели д-р Василаки Карабашев.
Останува на свеста на граѓаните велат во Итната помош да го почитуваат достоинството на здравствените работници, бидејќи тие работат за да помагаат.
Миле А. Ристески