Кошарка - НБА

Триумфален камбек на (нај)големата ѕвезда

05.01.2015 12:53

Првата ѕвезда на Лејкерс одигра 32 минути, со учинок 20 поени, 6 скокови, 6 асистенции и 3 украдени топки. Го следеше Ник Јанг, со 10 од неговите вкупно 22 поена, постигнати во последниот период...

Брајант постигна 20 поени во враќањето на паркетите, Лејкерс ја совладаа Индијана со 88:87. Клучни за победата беа 9-те последни поени на Коби, во последните 2 и пол минути, вклучувајќи го и скок шутот на 12 секунди до крајот на мечот.
 
Првата ѕвезда на Лејкерс одигра 32 минути, со учинок 20 поени, 6 скокови, 6 асистенции и 3 украдени топки. Го следеше Ник Јанг, со 10 од неговите вкупно 22 поена, постигнати во последниот период. Лејкерс погодија 16 од 17-те слободни во второто полувреме, беа прецизни во сите 9 во последната четвртина. Индијана загуби иако имаше подобра скок игра, 50 наспроти 37 освоени топки...
 
Крис Бош беше првата виолина на Мајами, со 26 поени во триумфот на Хит против Нетс, 88:84. Двејн Вејд му беше главната потпора со 25 поени, во победата со која што финалистот ја прекина низата од 4 порази. Бруклин сезонава има три порази во исто толку средби против екипата од Флорида...
 
16-те поени и 14-те скокови на Заза Пачулиа беа пресудни во победата на Милвоки против Њујорк, 82:95. Најскапата НБА франшиза загуби рекордни 10 средби во низа на домашен терен, а ова воедно беше и вкупно 11-ти пораз по ред за Никс, кои што се на чекор до најлошото остварување во историјата – 12 редоследни порази, што ги забележаа во 1995-та...
 
Детроит славеше против Сакраменто со 114:95, што е првата серија од 5 победи за Пистонс во повеќе од 5 години. Андре Драмонд имаше скор 15 поени со 14 скокови, Грег Монро реализира 14 поени со 11 скокови за победникот. Кај поразените, Казинс имаше учинок 18 поени и 15 скокови...
 
5 победи во низа реализира и Далас, со триумфот против Кливленд, 109:90. Отсуството на Леброн Џејмс, овој пат го искористија Монта Елис со 20 поени и Дирк Новицки со 15. Кралот не игра на 4 средби по ред, вкупно 5 во новиот шампионат, а Кавалирс се 1/4 кога 4 кратниот МВП кошаркар не е на паркетот, сезонава...
 
Санс ги начекаа Репторс и ги совладаа со 125:109, за крај на 6 меча долгата гостинска серија на Торонто, која што заврши со два пораза. Претходниот беше исто така забележително висок, од најдобрата екипа во лигата, Голден Стејт. Бледсо постигна 20 поени, Горан Драгиќ и Томас додадоа по 18 кај победникот, на спротивната страна Валанчиунас имаше 21 поен, Лоури постигна 19...