Победа на Шифрин во Бормио
Микаела Шифрин продолжува со извонредните настапи во Светскиот куп во алпско скијање. Таа победи во слаломската трка во италијанскиот зимски центар Бормио. Со одлично време во првото возење,18 годишната Американка на тешката втора патека успеа да постигне најдобро вкупно време. Тоа беше 6-та победа на Шифрин во кариерата во трките од Светскиот куп. Марија Питиле- Холмнер од Шведска беше втора со заостанување од 13 стотинки, а трета на подумот беше Настасја Ноен од Франција со 62 стотинки послабо време.

Во редоследот во слалом води Шифрин со 302 бода, пред Австријката Марлиз Шилд со 240 и Мари-Мишел Гањон од Франција со 180 бодови.
Во неизвесната трка за големиот кристален глобус засега е прва Германката Марија Хефл –Риш со 611 бодови пред Тина Вајратер од Лихтенштајн со 609 и Ана Фенингер од Австрија со 597 бодови.
На патеката во Бормио утре следи машката слаломска трка за Светскиот куп.