Загадувањето помалo во урбаните средини
Предпразничната божиќна треска ја замени новогодишната
Со неа како да си замина поголемиот дел од смогот. Во главниот град полесно се дише. Четирикратно се намали рекордната концентрација на честичките прав. Во Лисиче измерени близу 250 микрограми на кубен метар што се уште е над дозволеното ниво од 180 микрограми. загадувањето е намалило и во Кичево, Битола и во Тетово.
Не работат институциите, не работат ниту училиштата. А од Скопје, сите патишта водат кон зимските туристички центри. Да се искористи планината, морето или некое помало место. Автопатот кон главниот град е речиси празен, но не е така на излез од него. Најголемата излезна наплатна станица Петровец вчера работела со полна пареа.
Слична е состојбата и на патарините кај Глумово и Романовце.
Загадувањето на воздухот во четирите поголеми градови во земјава достигна рекордни вредности пред новогодишните празници. Дури и обилните дождови не ја сменија состојбата. Властите претходно донесоа мерки за заштита од загадувањето што престанаа да важат пред една седмица.
Фиљана Кока
