Преку Нант до Катар
Финалното одбројувањето тргнува од денеска, а ќе биде исполнето со силни тренинзи и моделирање на формата преку турнирот во Нант каде што избраниците на Ивица Обрван ќе ги имаат последните две контроли пред отворањето на Мундијалот...

Физичката форма е се уште во преден план на подоготовките на машката ракометна селекција на Македонија пред стартот на СП во Катар на 15 јануари.
Финалното одбројувањето тргнува од денеска, а ќе биде исполнето со силни тренинзи и моделирање на формата преку турнирот во Нант каде што избраниците на Ивица Обрван ќе ги имаат последните две контроли пред отворањето на Мундијалот.
В четврток се патува за Франција а ден потоа прв противник на турнирот ни е селекцијата на африканскиот првак Алжир, која треба да биде вистински тест за она што не очекува против вицешампионот на „црниот континент“, Тунис кој е во одлична форма пред ова СП.
Победа против Алжирците би ни обезбедила драгоцен тест-двобој в сабота најверојатно против Франција, која е апсолутен фаворит во двобојот со Аргентина.
И двата натпревара на нашата ракометна селекција во Нант ќе ги следите на МТВ1.
Од Франција, македонската репрезентацијата заминува директно за Катар каде што ќе има пет дена за аклиматизација и прилагодување на условите и на салите во кои ќе се одработат последните тренинзи и ќе се финализира стратегијата за 16-ти јануари и првиот противник во групата, селекцијата на Тунис.
Ден потоа следува мечот со аутсајдерот Иран, па пуаза, и од 19-ти до 23-ти со по еден ден одмор натпреварите против репрезентациите на БИХ, Хрватска и на Австрија.
