Ракомет

Стојчевски, Ојлески и Талески не одат во Катар

05.01.2015 22:19

Според правилата, Македонија на СП може да пријави 16 ракометари кои ќе играат и плус две резерви кои се подготвени во секое време од шампионатот да се најдат во составот...

Ивица Обрван на СП во Катар ќе патува со 18 ракометари. Селекторот на најдобрите македонски ракометари на десет дена пред почетокот на Мундијалот го оформи конечниот список на кој ги нема Гоце Ојлески, Никола Стојчевски и Филип Талески.

Според правилата, Македонија на СП може да пријави 16 ракометари кои ќе играат и плус две резерви кои се подготвени во секое време од шампионатот да се најдат во составот.  

Во Нант на турнирот што ќе биде генералка пред Мундијалот се патува на 8 јануари наутро а прв противник на Македонија е африканскиот првак Алжир. Ако победиме најверојатно ќе се судриме со домаќинот Франција кој е голем фаворит против Аргентина во другиот меч на турнирот.

На СП во Катар нашата репрезентација ќе игра во „Б“ групата со Хрватска, БИХ, Австрија, Иран и со Тунис кој ни е прв противник на 16 јануари.

Африканскиот вицепрвак  предводен од искусниот стратег Сеад Хасанефендиќ е во одлична форма и со три победи над Словачка, Белорусија и Швајцарија го освои „Јелоу купот“ во Винтертур.