Традиционален Новогодишно- божикен концерт на гимназијалците во Струмица
Тримесечните подготовки на хорот и оркестарот кулминираа во одличен концерт, велат одговорните професори. Концертот стана веќе препознатлив бренд на Струмица и Гимназијата...
„Џејмс Бонд“, „Фул Монти“ и многу други познати филмски хитови испеаја и исвирија членовите на хорот и оркестарот на струмичката гимназија, на традиционалниот Новогодишно- божикен концерт. Публиката jа исполни салата до последното место. Распродадени беа сите билети, а парите ќе бидат потрошени за хуманитарни цели.
Тримесечните подготовки на хорот и оркестарот кулминираа во одличен концерт, велат одговорните професори. Концертот стана веќе препознатлив бренд на Струмица и Гимназијата.
Концертот се организира во соработка со Младинскиот совет од Струмица, а место каде се обединуваат сите струмичани.
Катерина Давчева
