Бесплатно „ин витро“ за второ дете
05.01.2014 17:05

Овој месец стапува на сила бесплатно ин витро и за второ дете, кое финансиски ќе го покрива државата. Ин витрото за второ дете е проект кој беше најавен минатата година и за него ќе бидат одвоени 150 милиони денари. До лани од буџетот за ин витро се издвојува по 60 милиони денари.
Премиерот Никола Груевски вели дека ова е значајно за многу граѓани кои немаат средства самостојно да го финансираат, а го посакуваат.
Минатите години се правеа по 800 ин витра годишно, а во првите години бројката достигнуваше и до 1.500 ин витра за прво дете. Се очекува бројката за второ дете да биде значително поголема.
