Огнената стихија сеуште беснее на југот од Австралија

06.01.2015 10:41

Според надлежните служби, следните 48 часа се критични заради променливиот правец на ветерот и високите температури кои се очекуваат...

Продолжува да беснее најголемиот пожар во Австралија во последните 30 години. Дваесет и девет лица се хоспитализирани во австралиската држава Јужна Австралија. Од огнот уништени се 26 куќи, а 12.000 хектари шума се во пламен.
 
Стотици пожарникари се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија, која сега зафаќа 240 километри квадратни површина. Според надлежните служби, следните 48 часа се критични заради променливиот правец на ветерот и високите температури кои се очекуваат.
 
Стотици семејства се евакуирани. Од огнот беа спасени и голем број коали во близината на Аделаида.