Нов оглас за субвенции за маркетинг и преработки на земјоделски производи
06.01.2015 16:23
Средствата се за извоз на флаширано вино,конзервирани производи и ориз...

За субвенции ќе можат да конкурираат винарските визби ,трговците со ориз произведен во Македонија и капацитетите за преработки од зеленчук во стаклена амбалажа.
Ќе се финансираат и трошоците за транспортот на винско грозје до винарниците.
За флашираното вино и преработките од зеленчук поддршката е 20 проценти од трошоците за амбалажата, а за извезен килограм ориз до максимум 2 денари.
За транспортот за откупено винско грозје, во зависност од оддалеченоста, субвенцијата изнесува од 0,45 до 1,50 денари за килограм.
Огласот ќе трае до 15 јануари.
Методија Трајков
