Антиќ предпразнично расположен!
Атланта е со трет ефект во лигата, зад Голден Стејт којшто има 27-5, откако ја совлада Оклахома со 117:91 и зад Портланд којшто до 27-8 дојде по триумфот против Лејкерс со 98:94...

Македонскиот НБА кошаркар потсети на минатиот јануари, кога исто така беше во топ форма, па во гостинката победа на Атланта против Клиперс со 107:98, Антиќ учествуваше со 13 поени, две тројки, еден успешен обид за два и пет погодени слободни фрлања. По 21 година, Хоукс врзаа седум гостински триумфи и со 26 победи и осум порази се први во Источната конференција..
Атланта е со трет ефект во лигата, зад Голден Стејт којшто има 27-5, откако ја совлада Оклахома со 117:91 и зад Портланд којшто до 27-8 дојде по триумфот против Лејкерс со 98:94.
По четиринаесет порази, Филаделфија ја оствари првата домашна победа и тоа против Кливленд без Леброн Џејмс со 95:92.
Црните серии на Њујорк и на Минесота стигнаа до бројката 12 загубени дуели. Никс без Кармело Ентони беа поразени кај Мемфис со 105:83, а Тимбервулфс во Денвер со 110:101.
Кошаркарите на Чикаго се во добар ритам и се радуваа тринесетипат во последните петнаесет мечеви и тоа против Хјустон со 114:105.
Највредно е поединечното постигнување на Дирк Новицки кој со 15-те коша во триумфот на Далас во Бруклин со 96:88 по продолжение, се искачи на седмата позиција на вечната листа НБА стрелци со вкупно 27.412 поена.
Во другите натпревари: Бостон - Шарлот 85:104, Њу Орлеанс - Вашингтон 85:92 и Јута - Индијана 101:105.
